Kрипто валутите земаа нов залет и повторно станаа популарни, а причина за тоа се бројните мерки на централните државни банки, пишува Markets Insider.
Централните банки меѓу кои Европската Централна Банка, Федералните резерви и Банката на Англија, деновиве објавија шеми за купување на добра. Биткоинот кој претставува конечна крипто валута со само 21 милион единици, достигна пораст од 23% во еден ден. Според Coindesk, биткоинот во Лондон порасна за 21% од 10 часот утрото на 20 март 2020 година.
Кога станува збор за биткоинот, можеме да речеме дека крипто-кралот гори“, смета Наеем Аслам, аналитичар на AvaTrade.
Тој рекол дека земајќи во обзир дека цената пораснала преку 6.000 долари, што е важно ниво на отпорност, неговата популарност ќе продолжи да расте.
Другите криптовалути, како етерум во истиот период пораснале преку 15%, додека Коибејз, Битстамп и Битфинекс заедно пораснале 19%.