Известување за променa на работното време на експозитурите на ТТК Банка од 25.3.2020 година

Датум на објава: 25.03.2020

ТТК Банка АД Скопје ги информира своите почитувани клиенти дека во согласност со засилените мерки за заштита од ширење на корона вирусот (COVID- 19) во земјата, филијалите и експозитурите на TTK Банка АД Скопје  ќе работат секој работен ден од понеделник до петок со скратено работно време од 08 до 14 часот  при што саботите ќе бидат неработни, со исклучок на експозитурата во Дебар која ќе работи со скратено работно време од 08 до 12 часот од понеделник до петок и шалтерот Палма Мал во Тетово кој времено не работи.

За Ваша заштита и заштита на Вашите блиски, минимизирајте ги посетите на експозитурите доколку не се неопходни, останете во својот дом и искористете ја можноста да ги реализирате денарските трансакции 24/7 преку мобилното и електронско банкарство без трошоци до 30.04.2020 година.

При неопходна посета на експозитура, од Банката замолуваат да се почитуваат правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен и дозволен за број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата, применувајќи го истовремено правилото за меѓусебно растојание од најмалку 2 метри.


Тагови: Експозитури, работно време, ТТК банка АД Скопје,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: