ПОВЕЌЕ

    „ПРОМОТИВЕН ДЕПОЗИТ ПРОГРЕС“ – растечки и гарантирани каматни стапки за депозити во денари и во евра на 12, 24 и 36 месеци

    Време зa читање: 2 минути

    На почетокот на 2022 година, Шпаркасе Банка АД Скопје подготви промотивна понуда за сите клиенти што се заинтересирани да штедат во денари и во евра и кои посакуваат да направат добар план за заштеда во новата година.

    Имено, сѐ до 31 март 2022 г., клиентите што ќе ја одберат опцијата Депозит Прогрес добиваат промотивни услови за штедење во денари и во евра со атрактивни и растечки каматни стапки, можност за дополнителни вложувања и можност за капитализација на каматата.

    Овој промотивен производ нуди фиксни каматни стапки, кои прогресивно растат по периоди, па така клиентите што ќе се одлучат за Депозит Прогрес на 24 или 36 месеци, добиваат каматна стапка што се зголемува на секои 6 месеци и која достигнува и до 1,70% за МКД, односно 1,40% за ЕУР во последниот период од орочувањето за депозити на 36 месеци.

    Клиентите што ќе се одлучат за Депозит Прогрес на 12 месеци, добиваат каматна стапка што се зголемува на секои 3 месеци и која достигнува и до 1,10% за МКД, односно 0,80% за ЕУР во последниот период од орочувањето.

    Минималниот износ на влог изнесува 250 евра, а клиентот добива можност и за дополнителни вложувања до максимални 100.000 евра во денарска противвредност. Минималниот износ на дополнителните уплати изнесува 50 евра.

    Со промотивниот Депозит Прогрес, колку подолго штедите, толку повеќе се зголемува каматната стапка, односно таа расте паралелно со периодот на орочување.

    Повеќе информации за производот Депозит Прогрес може да се најдат на веб-страницата на Банката www.sparkasse.mk, во која било експозитура на Банката или преку повик во Контакт центарот на телефонскиот број 02 15 050.

    Побрзајте, искористете го промотивниот период до крајот на март и започнете да штедите по најповолни каматни стапки со промотивниот Депозит Прогрес!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично