ПОВЕЌЕ

    Оглас на Силк Роуд банка АД Скопје – вработува РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОЦЕНА НА ИМОТ во Служба за имот, архива и набавки

    Време зa читање: < 1 минутa

    СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

    Банката вработува РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОЦЕНА НА ИМОТ во Служба за имот, архива и набавки.

    • Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
    1. Универзитетска диплома од областа на инжинерството
    2. Уверение за проценител
    3. 1-3 години работно искуство во областа се смета за предност
    4. Добро познавање на англиски јазик
    5. Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
    • Опис на работно место Референт за процена на имот:
    1. Врши активности поврзани со доделување, контрола и централизирано постапување со активностите на проценување.
    2. Организира проценување на имотот понуден како обезбедување за кредитите (колатерал), за продажба, купување или изнајмување од страна на Банката
    3. Врши централизирано постапување со проценителната активност со цел да осигура ефикасност, веродостојност и транспарентност на процесот.
    4. Се грижи за повторна процена на недвижнината на Банката на периодична основа.
    5. Води евиденција за проценителните извештаи на Банката за сите клиенти и на ниво на државата

    Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок. Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивационо писмо може да ги достават на [email protected].

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично