ПОВЕЌЕ

    Д-р Стевкова Штериева: Комерцијална банка покажува дека вистинските партнерства создаваат подобро општество

    Време зa читање: 2 минути

    Корпоративната поддршка има најголема вредност тогаш кога не е еднократен гест, туку долгорочна определба што создава реални промени во животот на луѓето. Ова беше клучната порака што ја упати д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансиски директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, на тркалезната маса „Хуманитарната дипломатија како инструмент за обликување на иднината на Црвениот крст на Република Северна Македонија и националниот хуманитарен систем“, организирана од Црвениот крст.

    Говорејќи за улогата на корпоративниот сектор во хуманитарната дипломатија, Штериева истакна дека компаниите располагаат со финансиски средства, знаење, организациски капацитети, широка мрежа на односи и со можност да влијаат врз општествените ставови, да охрабрат солидарност и да вклучат нови партнери.

    „Преку своите одлуки, компании можат да им дадат поголема видливост на потребите што често остануваат на маргините. Можат да ги отворат тие прашања во деловните здруженија, да охрабрат соработка и да поттикнат други организации да се вклучат“, порача д-р Стевкова Штериева.

    Како пример за тоа како се гради долгорочно и одговорно партнерство, таа ја посочи соработката меѓу Комерцијална банка и Црвениот крст на Република Македонија, која трае веќе 16 години. Како генерален покровител на проектот за подобра социјализација на деца и млади со попреченост и деца во згрижувачки семејства, Банката континуирано придонесува за отворање нови можности за личен развој, дружење и активно учество во заедницата за повеќе од 300 деца и млади.

    На настанот, д-р Стевкова Штериева упати и порака до деловната заедница за поголемо вклучување во решавањето на општествените предизвици преку долгорочни и одговорни партнерства со организации кои имаат знаење, искуство и директен контакт со потребите на терен.

     

    19,505Следи нè на facebookЛајк

    слично