
Естонската групација Иуте, дигитална банкарска групација која работи на пазарите во Југоисточна Европа, продолжува со ширење на своето работење и трансформација на пристапот до финансиските услуги.
Овој развој носи нови можности и за корисниците во нашава земја, каде што преку Иуте Македонија се воведуваат нови дигитални услуги, иновативни финансиски решенија и подобрени кориснички искуства, со цел финансиските услуги да бидат подостапни, поедноставни и подобро приспособени на секојдневните потреби.
Во првите девет месеци од 2026 година, групацијата оствари вкупни приходи од 102,1 милион евра, што претставува раст од 11,5% во споредба со истиот период лани, додека бруто-кредитното портфолио достигна 405,6 милиони евра, што е годишен раст од 13,6%.
Групацијата забележа значителен напредок и во развојот на дополнителните финансиски услуги. Приходите од осигурително посредување пораснаа за 58,6%, достигнувајќи 6,1 милион евра, со најава за дополнително проширување на портфолиото на финансиски и осигурителни услуги, како и влегување во сегментот на финансирање на бизниси.
Дигиталната трансформација на Иуте сè повеќе се одразува во начинот на кој корисниците ги користат услугите. До крајот на септември, супер-апликацијата Myiute достигна 1,84 милиони преземања, што претставува раст од 17,3% на годишно ниво.
Важен чекор во проширувањето на оваа понуда е воведувањето на iuteMarket, нова услуга и модерна онлајн продавница која на корисниците во Македонија веќе им овозможува разгледување и купување на производи и услуги од партнерите, во рамките на истата апликација.
На овој начин Myiute станува интегрирана платформа која на едно место ги поврзува плаќањата, финансирањето, купувањето и дополнителните финансиски услуги.
Паралелно со развојот на дигиталните услуги, Иуте продолжува да го унапредува и своето физичко присуство. Мрежата на банкомати на ниво на групација порасна за , додека кај нас во центарот на Скопје беше отворена и првата Living Room филијала – нов концепт на експозитура во кој традиционалниот шалтерски пристап е заменет со отворена средина за разговор, советување и индивидуална поддршка, како потврда на концептот дека дигиталните услуги и личниот контакт се надополнуваат.
Со воведувањето на iute сметка, како дел од почетокот на работењето на Iute Pay, корисниците добија можност да отворат дигитална сметка брзо и едноставно, директно преку апликацијата, и да управуваат со своите финансии на едно место. Следниот чекор во дигиталната трансформација е најавеното воведување на AI Agentic систем, кој во Иуте Македонија веќе е во пилот фаза и со чијашто помош дополнително ќе се унапредат дигиталните услуги и корисничката поддршка.
„Како инвестиција што потекнува од Естонија, Иуте во Македонија ја носи технологијата во срцето на сè што прави. Преку апликацијата Myiute граѓаните добиваат кредит целосно дигитално, 24 часа на ден. Како дел од групацијата, која гради дигитална банка и супер-апликација, користиме модели засновани на вештачка интелигенција, поврзани со националните бази на податоци, за секој клиент да добие износ што може да го отплати. На ниво на Групацијата, 95% од кредитите се потпишуваат дигитално.
Кредитното портфолио во Македонија достигна речиси 60 милиони евра, а кај новите кредити 96% од ратите се платени навремено. Трите компании остварија заедничка нето добивка од 4,3 милиони евра за девет месеци. Преку Иуте Сејф градиме сопствен синџир на вредност во осигурувањето, а со Иуте Пеј ги подготвуваме темелите за дигитални плаќања“, посочува Нина Мојсова Ќосева, Директор за финансии во Иуте Македонија.
Групацијата продолжува и со меѓународната експанзија. Iute Bank Украина доби дозвола за започнување со целосниот опсег на банкарски операции, со планиран официјален почеток во првиот квартал од 2027 година.
Иуте неодамна се вброи и во 100-те најдобри европски компании на листата „Europe’s Long-Term Growth Champions 2027“, објавена во октомври од Financial Times и Statista, компании со најзабележителен долгорочен раст во изминатата деценија, како потврда за развојот и стабилноста.
Целосниот неревидиран извештај за работењето на Iute Group во првите девет месеци од 2026 година е достапен на www.iute.com/investor/reports-and-presentations.
[BM1]колку банкомати е ова, од каде ти е податокот @Elena Ravnjanski Apostoloska
Аналитика








