Комерцијална банка АД Скопје преку Македонската берза ја извести јавноста дека во изминатиот период преку берзански трансакции правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје се стекна со нови 13.901 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.
Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје, кое е во сопственост на Ванчо Чифлиганец, сега поседува вкупно 280.780 обични акции, односно има учество од 12,32% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје.