Политичарите знаат дека добар систем за управување со отпад чини пари – ама никој не се осмелува тоа да го каже. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Филип Иванов од Македонската асоцијација за управување со цврст отпад јасно вели: „Ако му ја кажеш вистината на граѓанинот, а ништо не работиш – може ќе ги изгубиш изборите.“
Затоа се молчи. Затоа отпадот останува. Затоа дишеме загадување.
Никој не сака да им се замери на гласачите – па се прави дека нема проблем. А ние сите тонеме во отпадот.
„Политичарите не сакаат да им кажат дека треба да платат? И тука е дефектот во нивното размислување. Јас сум сигурен ако добро се образложи, зошто ќе се трошат тие пари? Ако има отчетност во трошењето на парите, тие само ќе добијат, нема да губат гласот. Зошто? Затоа што ние сите имаме подобар квалитет на живот. Нема да се давиме во отпадот. Перцепцијата дека ако јас ја зголемам цената нема да ме гласаат за градоначалник, е исправна само во случај ако ти ја зголемиш цената, а ништо не вложиш. Или ништо не направиш. Тоа е нормално. Зошто јас би плаќал за некој само да јас големи цената?“
Гледајте не и секако притиснете „subscribe“ на нашиот Јутјуб канал кој може најлесно да го најде ако во пребарување на кирилица напишете ПАРИ.