Актуелно

Зошто инвестирањето на рана возраст е мудра одлука? WVP Советува!

Датум на објава: 22.10.2019

Една од најголемите заблуди во врска со инвестирањето е дека треба да имате многу пари за да започнете. Вистината е дека раното започнување со инвестирање, дури и во мали суми, е дефинитивно една од најмудрите одлуки кои ќе ги донесете во животот. Ова ќе Ви овозможи да ги искористите придобивките од вкаматувањето (сложената камата) и да стекнете добра, конзистентна навика на инвестирање која несомнено ќе Ви биде корисна и во остатокот од Вашиот живот.

Вкаматувањето и добрите навики се важни, поради што се поголем дел од младата популација во светот се одлучува да се приклучи на FIRE движењето, кое подразбира постигнување на финансиска слобода на рани години, со цел независење од приходите од работното место, туку стигнување до ниво на опслужување на тековната потрошувачка од приносот на својата заштеда и инвестиции.

Факт е дека човек учи најмногу преку пракса, а не теорија

Од таму поттекнува и втората добра причина  зошто да започнете рано: Практична едукација за концептите на инвестирањето, финансиите и економијата, како и спознавање на Вашата сопствена толеранција за ризик и стилот на инвестирање што ќе Ви одговара. Искуството здобиено од искусувањете на константните растови и падови ќе Ви помогне да воочите дека нестабилноста во светот на финансиите е нормална појава, а не причина за паника.

Еве неколку стратегии за инвеститорите – почетници кои се во нивните 20-ти и 30-ти години:

Штедете краткорочно, инвестирајте долгорочно

Овие принципи се однесуваат за инвеститорите на било која возраст, но особено кога сте помлади, или само што почнувате во кариерата, започнувате семејство или и двете.
Суштината е, треба да заштедите пари за краткорочните трошоци како што се кирија, исплата на кредит, како и секојдневни трошоци за живеење. Исто така, важно е да се акумулира одреден износ за итни случаи во случај на неочекуваното. Во исто време, треба да се одвојат и пари за долгорочни цели, како на пример купување на дом, автомобил, образование за Вашите деца и постигнување финансиска слобода.

Краткорочните заштеди треба да се пласираат во помалку ризични вложувања, како што се депозити по видување или пак парични фондови, кои нудат ликвидност исто како и депозитите по видување, но за разлика од нив носат и одреден принос.

Од друга страна пак, долгорочните инвестиции треба да бидат во акции и обврзници. Отворените инвестициски фондови се одличен начин за инвестирање во портфолио со различни инструменти кои го распределуваат ризикот. Иако акциските и обврзничките фондови се поризични од паричните фондови, долгорочните приноси кои ги нудат вообичаено се поатрактивни.

Не дозволувајте флуктуациите на пазарот да Ве исплашат

Помислата за губење на пари на пазарот може да биде страшна, особено кога прв пат започнувате да инвестирате. Но, придобивките од раното инвестирање и издржувањето на пазарните флуктуации може да се исплатат на долг рок. Раното започнување им дава на Вашите инвестиции повеќе време да растат. Исто така, Ви дава и повеќе време за да ги надоместите евентуалните загуби, отколку ако почнавте да инвестирате во Вашите подоцнежни години.

Диверзифицирајте го Вашето портфолио

Најдобро е да инвестирате во диверзифицирано, долгорочно портфолио на акции и обврзници. Со акции, обидете се да инвестирате во различни индустрии, наместо да ги ставате сите Ваши пари во еден сектор, како што се природни ресурси, банкарство или технологија. Инвестициските фондови како ВФП Премиум Инвест се едноставен начин да се постигне диверзификација низ секторите, како и географски области.

Бидете свесни за распределбата на Вашите средства и ребалансирајте колку што е потребно

Има едно старо правило дека процентот на акции во портфолиото на инвестиции треба да биде 100 минус Вашата возраст. Тоа значи дека типичен 30-годишен инвеститор треба да има 70% од своето портфолио во акции, и 60-годишниот треба да има 40%. Но, за попрецизна насока и совет како за Вас е најсоодветно да ги распределите средствата според различен вид на инструменти, Ви препорачуваме да се консултирате со инвестициски советник.

Добра идеја е да се одреди процентот на Вашето портфолио кој ќе биде во акции, обврзници или готовина – и да се ребалансира редовно. Вашиот микс ќе зависи од Вашата индивидуална толеранција за ризик и Вашиот временски хоризонт.

Повеќето експерти препорачуваат во Вашите помлади години учеството на акциите во портфолиото да доминира, а потоа, со тек на време, тој процент да се намалува. Идејата е Вашето портфолио да биде помалку подложно на пазарни промени како што се приближувате кон Вашите подоцнежни години.


Тагови: WVP Fund Management, ВФП Советување, инвестициски фондови, парични фондови, финансиска едукација,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: