ПОВЕЌЕ

    Зошто Европската унија ги исклучи десетте најголеми банки од продажбата со нови обврзници?

    Време зa читање: 2 минути

    Европската унија ги исклучи десетте големи банки од продажбата со нови обврзници на ЕУ финансирани од фондот за обновување на ЕУ од 800 милијарди евра. Причината за исклучување се претходните случаи на манипулација на пазарот, односно прекршување на прописите за заштита на пазарната конкуренција.

    Меѓу исклучените се големи имиња во глобалната финансиска индустрија како што се: JPMorgan, Citigroup, Bank of America, Barclays, Natixis, Nomura, NatWest, Deutsche Bank, Credit Agricole и UniCredit.

    Последните пет спомнати банки, не смеат да имаат никаква врска со новите обврзници на ЕУ поради пресудата што падна минатиот месец, а заради која се формираа картели за време на должничката криза во еврозоната пред повеќе од една деценија. Citigroup, JPMorgan и Barclays беа исклучени заедно со NatWest бидејќи пред две години беше откриено дека тие манипулирале со девизните пазари помеѓу 2007 и 2013 година и други финансиски скандали. Дојче Банк и Кредит Агрикол не смеат да учествуваат во емисијата со нови обврзници на ЕУ, бидејќи во март беше донесено одлука дека тие формираат картели за трговија со обврзници.

    На списокот на исклучени банки се наоѓаат 7 од 10-те најголеми финансиски куќи, кои инаку се вклучени во емисиите со државни и наднационални долгови. Сепак, фактот дека повеќето од најголемите играчи беа исклучени од емисијата со обврзници, не го попречи издавањето на новиот долг на ЕУ. Во досега најголемата емисија на долг на ЕУ, Брисел успеа да постави 20 милијарди 10-годишни обврзници со побарувачка што ја надмина бараната сума за седум пати.

    Портпаролот на Европската комисија рече дека банките што ги прекршиле правилата на ЕУ за заштита на пазарната конкуренција „нема да бидат поканети на тендери за индивидуални синдикални трансакции“, бидејќи сакаат да се осигураат дека оние што работат со ЕУ се целосно чисти партнери. Банките што се исклучени од бизнисот со обврзници се очекува да покажат дека презеле мерки за да спречат кршење на правилата за конкуренција во иднина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично