ПОВЕЌЕ

    Зошто амбицијата е убедливо најважна за деловен успех?

    Време зa читање: 2 минути

    Успехот во работата и животот ретко доаѓа сам по себе. Најчесто, потребно е многу работа за да се успее, а најсилното средство за постигнување на таква цел е амбицијата.

    Амбиција може да се нарече желба за успех, поради што сме подготвени да совладаме сè што е потребно. Без амбиција, немаше да има успех, напредок, и развој на човештвото.

    Сепак, дали амбицијата ќе се претвори во успех, зависи само од вашата дефиниција за успех. Ако сакате да успеете професионално, вашата амбиција може да ве однесе далеку во тој поглед. Но, ако се жртвувавте до тој степен што сте несреќни и осамени за да ги постигнете тие високи цели, дали сте навистина успешни?

    Она што е дефинитивно точно е дека здравата амбиција може да ви помогне да успеете на многу начини. Сепак, важно е да се напомене дека само амбицијата не секогаш значи успех. Талентот, вештините и другите околности исто така играат важна улога.

    Двајца американски универзитетски професори се обидоа да ја дефинираат амбицијата преку истражување, и да разберат зошто некои ја имаат, а некои не. Според двајцата професори, амбицијата главно е поврзана со потрагата по статус и достигнувања.

    „Не станува збор само за напорна работа или не. Станува збор за постигнување работи и статус што одговара на постигнување на тие цели“, рече Камејер Милер, професор на Универзитетот во Минесота.

    Амбициозните луѓе не мора да сакаат да станат извршни директори на компанијата, додаде тој. Некои луѓе едноставно сакаат да станат успешни продавачи или инженери. Но, други, особено во областа на управувањето, ќе сакаат да се искачуваат по високи корпоративни скали.

    Постојат неколку фактори кои придонесуваат за амбиција, но еден голем фактор е самодовербата, рече Несир Гаеми, професор по психологија и фармакологија на медицинскиот центар Тафтс во Бостон.

    Истражувањата покажуваат дека луѓето со висока самодоверба се поамбициозни од луѓето кои имаат мала самодоверба, рече тој.

    Некој што се цени себеси не мора да напредува, но „колку повеќе имате самопочит, толку сте поамбициозни затоа што мислите дека можете да направите нешто големо“, објасни Гаеми.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично