ПОВЕЌЕ

    8% од месечната заработка Македонците ја одвојувале за отплата на кредити

    Време зa читање: < 1 минутa

    За храна и сметки граѓаните  трошат повеќе од половина од својата плата.

    Според податоците од Државниот завод за статистика за минатата година, во просек 43,1% од месечната заработка се трошела за храна и безалкохолни пијалоци, додека за комуналните сметки се одвојувало 10,8% од приходите.

    8% од месечната заработка Македонците ја одвојувале за отплата на кредити.

    Статистиката покажува дека лани трошоците на живот се зголемиле за 0,8 процентни поени споредено со претходната година.

    Најголем раст на цените има кај храната, сите видови пијалоци и тутунот, а најголем пад на трошоците е регистрирано кај облеката, обувките, превозот и домувањето.

    Според последните податоци, на едно просечно четиричлено семејство месечно му се потребни 33.487 денари за задоволување на основните животни потреби.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично