ПОВЕЌЕ

    Живко Мукаетов: И покрај предизвиците – ги надминавме зацртаните планови

    Време зa читање: 3 минути

    „Алкалоид“ е компанија на стабилни позиции, подготвена да одговори на сите претстојни предизвици. Потврда за тоа има во досегашните резултати, постигнати во услови на повеќеслојна криза, кои не беа пречка да се задржи континуитетот на раст.

    „На глобално ниво 2023 година беше исполнета со многу предизвици: нестабилни цени на суровини, пад на индустриско производство во регионот, раст на инфлацијата, покачување на каматните стапки… Се соочивме со големи наруѓувања во синџирот за набавки, флуктуации на цените и недостиг од некои суровини и материјали, но особено ми е драго што и покрај ваквите специфични услови на функционирање, ние успеавме да ги осигураме пласманите на сите педесет пазари каде што сме присутни и да го задржиме континуитетот на раст на продажбите и надминување на зацртаните планови“, е оцената на генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

    Компанијата се развива преку инвестициите, за што доби и престижно признание.

    „Повторно, во кризни услови, и годинава продолживме со нашите инвестициски активности. За инвестициските потфати во изминативе пет години, чиј износ достигна сума од 104,1 милион евра, ‘Алкалоид’ го доби признанието за ‘Најголем инвеститор во регионот на Западен Балкан’ од страна на Регионалниот коморски форум Western Balkan Six. Во 2023 година ја привршуваме изградбата на мега инвестицискиот проект ‘Таблетно одделение 2’, кој очекуваме да овозможи диверзификација и значително зголемување на нашите производствени капацитети за цврсти форми“, вели Мукаетов.

    Во фокусот  и понатаму остануваат истражувањата, развојот и креирањето нови производи.

    „Во динамична индустрија, каква што е фармацевтската, пласманите обично кореспондираат со инвестициите, вештините и знаењето, кои изминативе две децении ги насочивме кон глобално позиционирање на брендот ‘Алкалоид’. Планираме да алоцираме повеќе ресурси во истражување и развој, со цел понатамошна модернизација на генеричкото портфолио, дополнето со патентирани производи со додадена вредност“, ги најавува генералниот директор натамошните чекори на компанијата.

    Во успехот се вградени заложбите на сите вработени, за што признание искажува и директорот Мукаетов во видео-обраќањето до нив.

    „Во моментов, ‘Алкалоид’ е компанија на повеќе од 2.800 семејства, а секој еден член на големото семејство ‘алкалоидовци’ придонесува нашата успешна приказна да продолжи да расте и да се развива.

    Во годинава што изминува остваривме и значаен дел од ESG стратегијата за односот кон животната околина и заедницата. Одговорноста кон животната околина и кон заедницата се маратон, кој е составен дел од секојдневието на секој еден вработен во ‘Алкалоид’ Групацијата, во сите земји каде што имаме воспоставено операции. Во иднина, ЕСГ сегментот ќе се проширува и интензивира, пренесувајќи се на сите иматели на удели во ‘Алкалоид’ со една единствена цел – да изградиме подобар, поздрав и поодржлив свет“.

    Годината што доаѓа носи неизвесности, на кои ќе треба да се одговори.

    „Да останеме на позитивниот курс и во духот на компаниското мото – Здравјето пред се, да ја потврдиме перцепцијата на ‘Алкалоид’ како компанија која е достоинствено исправена и подготвена да одговори на сите предизвици“, е новогодишната порака на првиот човек на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично