ПОВЕЌЕ

    Зејтинот поскапел за 31,9%, течните горива 53,3 %, кој најмногу ја подгреа годишната инфлацијата?

    Време зa читање: 2 минути
    Државниот завод за статистика објави – годишната инфлација април во однос на минатогодишниот април изнесува 10,5 проценти. Индексот на цените на мало бележи уште поголемо зголемување и тоа од 11,1 процент.
    Зошто и кошничката за пазарење и новчаникот ви се се попразни? Што вели стататистиката кои се производите кај кои што имало најголем пораст на цените?
    НАЈГОЛЕМ ПОРАСТ НА ЦЕНИ ЗА ЕДНА ГОДИНА
    1. течни горива 53,3%
    2. гас 46,5%
    3.транспортни услуги 33,3%
    4. масла и масти 31,9%
    5. горива и мазива за сопствен превоз 29,4%
    6. чистење, поправка, изнајмнување облека 24,5%
    7. зеленчук 24,1%
    8. ракување со сопствени превозни средства 22,1%
    9. транспорт 21,8%
    10. фотографска и кинематографска опрема 20%
    Како било пак во април месец во споредба со претходниот март месец?Податоците на Заводот за статистика обелоденуваат дека индексите на трошоците за живот во април во споредба со март месец само кај маслото и маснотии пораснале за 20,2 проценти, како и кај разладениот зеленчук, додека компирите и другите коренести плодови поскапеле за 12,9%.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично