ПОВЕЌЕ

    Заработката на Мајкрософт над очекувањата благодарение на Cloud бизнисот и видео игрите

    Време зa читање: < 1 минутa

    Мајкрософт забележа добар квартал бидејќи пандемијата ја зголеми побарувачката за cloud решенија и видео игри.

    Компанијата имаше приход од 37,2 милијарди долари за трите месеци што завршија во септември, што е далеку над прогнозата на аналитичарите од Волстрит за 35,8 милијарди долари.

    Приходите во сегментот на решенија за облак на „Мајкрософт“ достигнаа 13 милијарди долари, што е за 20% повеќе од минатата година.

    Заработката во тој квартал изнесува 1,82 долари по акција, што надмина 1,55 долари, како што прогнозираа аналитичарите, пренесува Си-Ен-Ен.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично