ПОВЕЌЕ

    Позната заработката на фармацевтската индустрија за потребна годишна доза за Ковид 19

    Време зa читање: 2 минути

    Кога станува збор за вакцина за Ковид-19, досега се зборува за тоа  колку ќе чини и кога ќе биде достапна, како и дали ќе биде задолжителна или не, но помалку се зборува за тоа колку пари ќе заработат фармацевтските компании од производство на тие вакцини.

    На оваа тема се осврнаа аналитичари од американските и швајцарските банки, а проценката се заснова на претпоставката дека на луѓето ќе им треба нова доза од вакцината корона секоја година, како што е случај со вакцината против сезонски грип.

    Експертите од банките „Морган Стенли“ и „Кредит Свис“ изјавуваат дека глобалниот пазар за вакцини против Ковид-19 може да вреди најмалку 10 милијарди долари годишно. Во повеќето земји, развојот на вакцината се финансира со народни пари, така што фармацевтските гиганти може да заработат значително пари во наредниот период.

    Аналитичарите дојдоа до оваа „магична цифра“ со пресметување дека една доза од вакцината за корона ќе чини 20 долари. Метју Харисон, во име на „Морган Стенли“ банка, вели дека Ковид-19 нема да исчезне и дека вакцинацијата ќе биде неопходна секоја година.

    Дури и ако се земе предвид конзервативна проценка, во која само оние кои се вакцинирани против грип, ќе примат вакцина против Ковид-19, пазарот би вредел најмалку 10 милијарди долари во развиените земји, вели Харисон.

    Еван Сејџерман, од Кредит Свис, дава уште пооптимистичка слика за фармацевтските гиганти. Тој верува дека пазарот ќе вреди толку многу само во САД.

    За подобро да се разбере за колку пари станува збор, доволно е да се каже дека компаниите заработуваат толку многу на годишно ниво од продажба на десетте најбарани лекови во светот. Вакцината за корона вирусот е голема шанса за индустријата да заработи огромни пари, особено ако се земе предвид дека веќе доби милијарди долари од владите ширум светот за развој на истата вакцина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично