ПОВЕЌЕ

    Жан Митрев заработил 2,2 милиони евра повеќе од Систина во корона кризата

    Време зa читање: 2 минути

    Може да се забележи дека и покај тоа што во 2020 година ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА има пониски приходи(27,7 милиони евра), во однос на АЏИБАДЕМ СИСТИНА,(41 милион евра) сепак остварената добивка е далеку повисока. Имено, во 2020 година ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА евидентира добивка во износ од  8.1 милиони ЕУР. Во апсолутен износ тоа е за 2.2 милиони ЕУР повисока добивка од АЏИБАДЕМ СИСТИНА која остварила профит од 5,9 милиони евра. Друг аспект во работењето на ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА е тоа што во 2020 година успеале да ја дуплираат добивката од 2019 година. За разлика од нив, АЏИБАДЕМ СИСТИНА евидентира осцилации во вкупната добивка, а во 2020 остварува пораст од 2.7 милиони ЕУР.Порталот Pari.com.mk во соработка со платформата БизнисМрежа.мк. ви открива колку заработила приватната болница во корона кризата.

    Компанија Добивка 2018 Добивка 2019 Добивка 2020 Раст 2018/2019 Раст 2019/2020
    АЏИБАДЕМ СИСТИНА 4,120,529 € 3,116,703 € 5,877,580 € – 24.4% 88.6%
    ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА 1,551,109 € 4,052,999 € 8,123,464 € 161% 100%

     

    Заедно овие две компании за време на Ковид-19 ги зголемија своите биланси за неверојатни 14 милиони ЕУР.

    Прочитај и: КОРОНА ПРОФИТ ДО ПЛАФОН ЗА ЛАБАРАТОРИИТЕ – КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА АВИЦЕНА, БИОТЕК, СИНЛАБ?

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично