ПОВЕЌЕ

    За филијалата во Штип – Комерцијална банка вработува помлад соработник за оперативно работење

    Време зa читање: 2 минути

    Во филијалата на Комерцијална банка во Штип има отворена позиција за помлад соработник за оперативно работење. Со ангажман на определено време од 12 месеци, но со можност за продолжување на договорот за вработување.

    Почетната основна нето-плата е во износ од 29.202 денари, а работното време е 40 часа неделно.

    Заинтересираните кандидати можат да аплицираат до 13 месецов.

    Од избраниот кандидат се очекува да одговори на одредени работни цели и задачи:

    *извршување готовински и безготовински платежни трансакции во денарскиот платен промет;

    *понуда на депозитни производи;

    *промоција и продажба на банкарски производи;

    *брз трансфер на пари;

    *менувачко работење;

    *учество во промотивни кампањи.

    За тоа се потребни следните квалификации и способности: завршено високо образование од областа на економските науки и познавање на англиски јазик и MS Office алатки.

    Кандидатите можат да се со или без работно искуство, но се бара личност со висок личен интегритет, доверливост и чесност; со прецизност во извршувањето на работните задачи; со ориентираност кон потребите на клиентите. Личност што ќе се прилагоди на динамичната работна средина, која поседува комуникациски вештини за тимска работа.

    Притоа, Комерцијална банка обезбедува пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови; обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство; можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции; доброволно приватно здравствено осигурување; учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека…

    Заинтересираните можат да аплицираат на веб страницата на банката, преку e-mail [email protected] или на адреса – Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски бр.3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување Помлад соработник за оперативно работење во Филијала Штип”.

    Доплнителни информации можат да добијат на (02) 3168-412.

    На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

    Изборот ќе се изврши во период од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, зависно од бројот на пријавени кандидати.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично