ПОВЕЌЕ

    За да се збогатите од инвестирање, потребни се децении

    Време зa читање: < 1 минутa

    Не морате да бидете родени богати за да станете богати. Милионерите можат да започнат и како земјоделци, наставници во училиштата или било што.

    Но, нешто што е заедничко за оние кои ќе успеат да создадат богатство на долг рок, е што почнуваат скромно, но се најчесто инволвирани во инвестирање на долг рок.

    Инвестирање, или во раните фази на одреден бизнис, или во берзата. Овој вид на инвестиција често пати ја победува инфлацијата со тек на време.

    Друга особина што е заедничка е, желбата да се грижат за своето здравје и целење кон долг живот. Секако, за акумулирање на богатство се потребни неколку децении.

    На пример, 10.000 американски долари можат да пораснат до 100.000 американски долари за 30 години со просечен годишен поврат од 8 проценти, што е типична долгорочна добивка за акциите. За 40 години, тие 10.000 американски долари би пораснале на 200.000 американски долари. За 50 години, би имале скоро 500.000 американски долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично