ПОВЕЌЕ

    Халкбанк АД Скопје вработува

    Време зa читање: 3 минути

    Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со  стратегијата, Банката е секогаш отворена за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на тимот, Банката им нуди одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Халкбанк АД Скопје како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор.

    Согласно тековните потреби, процеси и активности во Халкбанк АД Скопје, Банката објавува оглас за прием на нововработени на следната работна позиција:

    Референт за банкарски операции
    во филијала во Скопје (Референца Бр. 005/2020),
    во филијала Струмица (Референца Бр. 006/2020),
    филијала Штип (Референца Бр. 007/2020)

    Халкбанк АД Скопје има потреба од лица кои се ориентирани кон грижа за клиентите, на работна позиција Референт за банкарски операции која опфаќа: прием, администрација и реализација на барањата на клиентите, вкрстена продажба, директен маркетинг на производите и услугите на Банката како и редовни парични и шалтерски операции.

    Потребни квалификации и карактеристики:

    • Универзитетска диплома од областа на економските и деловните науки;
    • Без работно искуство, а кандидатите со работно искуство на иста или слична работна позиција до 3 години во финансиска институција – банка, во процесот на селекција ќе имаат предност согласно нивното претходно работно искуство;
    • Познавањето на банкарските операции со готови пари, контакти со клиенти ќе се смета за предност;
    • Познавањето на англиски јазик е задолжително, додека познавањето на други јазици ќе се смета за предност;
    • Ориентираност кон клиенти;
    • Чесност и доверливост;
    • Ориентираност кон маркетинг и промоција;
    • Одлични комуникациски вештини;
    • Ориентираност кон решавање на проблеми и критичко размислување;
    • Професионален изглед и однесување.
    • Потребно е кандидатите да имаат познавања од најновите компјутерски технологии кои се во широка употреба.

    Доколку сте заинтересирани за позицијата, аплицирајте најдоцна до 11.07.2020 година, на следниов е-маил: [email protected] со назнака на соодветната Референца согласно градот за кој што аплицирате. Пример: Референт за банкарски операции во филијала во Скопје (Референца бр. 005/2020).

    За да аплицирате, потребно е да го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик со фотографија, мотивациско писмо и препораки. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година.

    Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично