ПОВЕЌЕ

    Вработените во Инфективната клиника и Институтот за јавно здравје изразија БЛАГОДАРНОСТ до Менаџментот на Комерцијална банка за донацијата од 4,1 милион денари

    Време зa читање: 2 минути

    Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје јавно изрази  БЛАГОДАРНОСТ на Комерцијална банка АД Скопје  за донација од менаџментот на банката. Донацијата е  во паричен бруто износ од 4,1 милион денари наменет за исплата на вработените во оваа установа, кои се редовно вработени на клиниката и се активно вклучени во редовната работа на истата.

    Слична е и објавата на ЈЗУ Институт за јавно здравје од каде што исто така наведуваат дека донацијата во паричен бруто износ од 4,1 милион денари е наменета за исплата на вработените кои се редовно вработени во Институтот за јавно здравје.

    Комерцијална банка АД Скопје со оваа донација сака да им се заблагодари на вработените од клиниката и на вработените од Институтот за јавно здравје за нивните огромни напори во справувањето со пандемијата предизвикана со корона вирусот Ковид–19 во нашата земја“, стои во објавата на интернет страниците на двете здравствени институции.

    Инаку, Комерцијална банка е еден од најголемите донатори за македонското здравство за што поуспешно справување со корона вирусот. Според листата на донатори што ја објави Министерството за здравство банката веќе учествуваше со донација од 100.000 евра, а донираше и маски како заштитна медицинска опрема во износ од 20.000 евра.

    Донираа и нејзините фирми ќерки – КБ Прво пензиско друштво АД Скопје донираше пациент монитори, додека КБ Публикум инвест АД Скопје донираше 500 000,00 денари за справување со пандемијата предизвикана од Коронавирусот.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично