ПОВЕЌЕ

    Волво ќе укине 4.100 работни места

    Време зa читање: 2 минути

    Околу 15 проценти од планираното намалување на работната сила ќе се однесуваат на консултантите и се очекува да бидат намалени околу 1.250 работни места во Шведска.

    Шведскиот производител на камиони „Волво”  објави дека планира да скрати 4.100 работни места низ целиот свет во втората половина од годинава, како резултат на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот што влијаеше на активностите на таа компанија.

    Пандемијата на коронавирусот ја задуши побарувачката за камиони, принудувајќи го Волво и неговите ривали да ги намалат трошоците. На почетокот на овој месец, производителот на камиони Сканија исто така најави големо намалување на работната сила.

    „Епидемијата на коронавирусот и глобалните мерки преземени во борбата против неа, доведоа до состојба на пазарот што силно влијае врз нашата индустрија. Ефектот се очекува да биде помала побаруваќка во иднина и треба да продолжиме соодветно да ја прилагодуваме нашата организација”, наведува во соопштение извршниот директор на Волво, Мартин Лундстед.

    Околу 15 проценти од планираното намалување на работната сила ќе се однесуваат на консултантите и се очекува да бидат намалени околу 1.250 работни места во Шведска.

    Компанијата со седиште во Гетеборг, во која има вработено околу 104.000 луѓе, на крајот на април објави дека регистрирала 75 проценти помалку нарачки за камиони во март во однос на февруари и дека оттогаш бележи негативен тренд.

    Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

    Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> топ 100 најголеми ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично