ПОВЕЌЕ

    „Волкот од Волстрит“ се предомисли – од критичар на криптовалутите, стана главен поборник

    Време зa читање: 3 минути

    Се сеќавате ли на филмот на Мартин Скорсезе, „Волкот од Волстрит“ со Леонардо ди Каприо во главната улога? Главниот лик Џордан Белфорт, кој е вистински и бил инспирација за „Волкот од Волстрит“, сега стана експерт за криптовалути. И тоа само три години откако рече дека биткоинот е „масовна заблуда“.

    Белфорт минатата недела беше домаќин на неговата прва работилница за криптовалути. Нејзините девет учесници платија еден биткоин – или приближно 40.000 долари – за да присуствуваат на часот „мајстори“ што се одржа во имотот на Белфорт во Мајами, објави Њујорк Тајмс во петокот. Во видеото за промовирање на настанот, поранешниот брокер за акции и осуден престапник рече дека „многу инвестира“ во крипто и NFT, кои ги нарече „иднина на финансиите“.

    Белфорт се изјасни за виновен во 1999 година за измама на повеќе од 1.500 индивидуални инвеститори од 200 милиони долари. Откако отслужи 22 месеци затвор, Белфорт ги објави своите сега познати мемоари и стана мотивациски говорник.Во 1999 година, Белфорт се изјасни за виновен за измама на повеќе од 1.500 индивидуални инвеститори од 200 милиони долари.  Неговиот TikTok @wolfofwallstreet има 3,7 милиони следбеници.

    Сегашниот фокус на Белфорт на биткоинот, е остар пресврт од претходните ставови на „волкот од Волстрит“ за криптовалутите, кои тој ги изрази во видеото на YouTube од 2018 година со наслов „Пазарот на биткоин конечно останаа без најголемите будали“.

    Работилницата за крипто на Белфорт тој ја нарече „интимно финансиско искуство“ каде што учесниците учат за метаверзумот, криптото и децентрализираните финансии. Според Њујорк Тајмс, деветте гости на Белфорт биле избрани од 600 апликации, а меѓу нив бил и еден крипто-рудар од Казахстан и блокчејн подкастер со компанија за покриви во Ајдахо.

    Теоријата за најголемите будали

    Медиумите потсетуваат на неговото видео на YouTube од 2018 година со наслов: „Пазарот на биткоин конечно останаа без најголемите будали“. Овој поранешен брокер тогаш тврдеше дека биткоинот е една од најпознатите измами во 21 век. За време на видеото, Белфорт вели дека вредноста на биткоинот расте благодарение на теоријата за „поголема будала“, која вели дека прескапите средства сè уште може да се продаваат за профит, ако можете да најдете „поголема будала“. Односно додека пазарот не снема будали кои би биле измамени.

    Тој го нарекува криптото „масовна заблуда“, „непромислено лудило“ и „брод што тоне“. Белфорт тогаш потсетуваше на случаи кога биткоин инвеститори ги изгубиле сите пари откако им биле хакирани телефоните и поради тоа што Владата не интервенира.„Го знам ова подобро од кој било во светот“, рече тогаш Белфорт. „Не сум горд на тоа, ама така е. Го живеев ова, јас бев типот од другата страна“.

    По ова историското негодување на Белфорт, тој повика на „масовна регулација“
    на дигитална валута во интервју за CoinDesk во 2021 година. „Колку побрзо таа масовна регулатива дојде на пазарот, толку е подобро за биткоинот, стабилните коини и сè друго“, рече тој.

    Работилницата за крипто на Белфорт беше продадена како „интимно финансиско искуство“ каде што присутните учат за метаверзите, крипто и децентрализираните финансии. Според извештајот на Њујорк тајмс, девет гости биле избрани од 600 апликации, вклучително и крипто-рудар од Казахстан и блокчејн подкастер со компанија за покриви во Ајдахо.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично