ПОВЕЌЕ

    Војдан Јорданов нов член на Одборот на директори на Триглав Осигурување АД Скопје?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Војдан Јорданов ќе биде избран за нов член на Одборот на директори на Триглав осигурување. Собранието на акционери на друштвото е закажано за 25 декември, а Јорданов влегува во одборот како нов член.

    Во моментов, Војдан Јорданов е актуелен претседател на управниот одбор на Триглав пензиско друштво АД Скопје, позиција која ја држи од основањето на друштвото. Претходно својата кариера ја гради во Друштвото за ревизија РСМ Македонија на позицијата Партнер одговорен за деловен развој, управител на единицата за ИТ услуги и претставник на друштвото во Деловниот акцелератор УКИМ. Инаку по професија е магистер на бизнис администрација на Школата за менаџмент во Ротердам, Холандија, а претходно има дипломирано на Економскиот факултет во Љубљана. Поседува лиценца за овластен ревизор и е член на Институтот на овластени ревизори.

    Мандатот на новоизбраниот член на Одборот на директори трае четири години, почнувајќи од 01.04.2021 година.

    Останатите членови на Одборот на директори ја продолжуваат својата работа во Одборот на директори со постојниот мандат.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично