ПОВЕЌЕ

    Водечките технолошки компании заработија дополнителни 3,4 трилиони долари во 2020 

    Време зa читање: 2 минути

    Седумте највредни американски технолошки компании, Епл, Мајкрософт, Амазон, Гугл, Фејсбук, Тесла и Нвидија собраа дополнителни 3,4 трилиони долари во 2020 година, најмногу благодарение на пандемијата.

    Коронавирусот не успеа да ја забави континуираната продажба на iPhone, растот на електронската трговија на Амазон или доминацијата на Гугл и Фејсбук на интернет светот. Покрај тоа, ситуацијата предизвикана од пандемијата го стимулира растот на профитот на технолошките компании.

    Најголемото изненадување е автомобилската индустрија на Елон Маск. Акциите на Тесла се зголемија девет пати оваа година, со што пазарната вредност на производителите на електрични автомобили се зголеми од 76 милијарди долари на почетокот на годината на 669 милијарди долари на крајот на 2020 година. И покрај затворањето на фабриките на почетокот на пандемијата, Тесла се врати и испорача рекорден број возила во третиот квартал од годината.

    Во меѓувреме, производителот на чипови Нвидија ја зголеми повеќе од двојно својата вредност во 2020 година, со вкупна пазарна капитализација од 323 милијарди американски долари, што ја прави седма највредна технолошка компанија во САД.

    Сепак, убедливо најголемиот раст на приходите го забележа Епл, благодарение на растот на акциите од 81 процент. Годината на пандемијата донесе профит и на Амазон, чијашто вредност се зголеми за дополнителни 710 милијарди долари. Мајкрософт собра дополнителни 480 милијарди долари, додека вредноста на Гугл се зголеми за 268 милијарди долари, а на Facebook за 193 милијарди долари.

    Добивката на технолошките компании јасно се рефлектира во редовите на најбогатите луѓе во светот. Основачот на Амазон, Џеф Безос е најбогатата личност во светот, по него следат извршниот директор на Тесла, Елон Маск и ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс. Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг е на петтото место, а во првите десет се основачите на Гугл, Лери Пејџ и Сергеј Брин.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично