ПОВЕЌЕ

    Водата им се придружи на златото, нафтата и другите стоки кои се тргуваат на Вол Стрит 

    Време зa читање: 2 минути

    Водата им се придружува на златото, нафтата и другите производи со кои се тргува на Волстрит, што само покажува колку овој ресурс е ограничен и колку, и покрај ова знаење, ние не се грижиме за него.

    Од оваа недела, земјоделците, хеџ фондовите и општините ќе можат да се обложуваат на потенцијален недостиг на вода. Поради тоа, ЦМЕ Груп АД лансира фјучерси за вода во Калифорнија вредна 1,1 милијарда долари. Според компанијата, фјучерсите ќе им помогнат на корисниците на вода подобро да управуваат со ризиците и посоодветно да одговараат на понудата и побарувачката.

    И додека инвеститорите тврдат дека тоа е добар механизам за подобрување на ефикасноста на потрошувачката на вода, аналитичарите велат дека фјучерсите ја отвораат можноста за вештачко покачување на нејзината цена.

    Воведувањето на овие фјучерси на вода на финансискиот пазар беше најавено уште во септември, кога жестоките бранови и пожарите беснееја по западниот брег на САД.

    „Климатските промени, сушите, растот на населението и загадувањето веројатно ќе предизвикаат високи цени на водата во следните години“, објаснува Дин Дреј, аналитичар и директор на RBC Capital Markets.

    Според Блумберг, снабдувањето со вода е веќе голем проблем за две милијарди луѓе, а во следните неколку години може да стане две третини од глобалното население.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично