ПОВЕЌЕ

    Од вода и мраз заработуваат милијарди

    Време зa читање: < 1 минутa

    Извозот на вода и мраз минатата година достигна вредност од 1,3 милијарди долари, што е за 11,6% повеќе во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

    Најголем меѓу извозниците на вода и мраз е Кина, којашто лани од овој бизнис инкасираше 665,5 милиони долари или 50,7% од вкупниот извоз.

    Меѓу најголемите извозници на вода и мраз во светот се и: Фиџи (161,4 милиони долари), САД (101,3 милиони долари), Франција (79,5 милиони долари) и Турција (46,9 милиони долари).

    Анализирано по континенти, најголем дел од извозот на вода и мраз отпаѓа на Азија со 755,7 милиони долари или 57,6% од вкупниот извоз. Следува Стариот континент со 19,3% учество и 13,5% на Океанија (предводена од Фиџи) и Нов Зеланд.

    Извор: Бизнис Инфо

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично