Во понеделник, последниот ден од август, Макпетрол ќе почне со исплата на дивидендата за 2025 година. Секоја акција носи бруто-износ од 4.620 денари, односно меѓу акционерите ќе се распределат вкупно 467.285.280 денари или околу 7,6 милиони евра.
Средствата се обезбедени од остварената ланска добивка од 19,7 милиони евра, но и од акумулираната добивка од претходните години, од 26 милиони евра. Вкупно 45,3 милиони евра кои, како што објави компанијата уште во мај, се одредени за повеќе намени: 6,5 милиони за инвестиции, близу 4,9 милиони евра за посебни резерви, околу 3,2 милиони евра за вработените, 698,7 илјади евра за членовите на УО, 260,7 илјади евра за раководните лица. А, во наредната година се пренесат 22,2 милиони евра од добивката.
Според податоците на компанијата, друштвото има издадено 112.382 обични акции, од кои 11.238 сопствени акции. Акцијата на Макпетрол е една од најтргуваните на Македонска берза. Има просечна цена од 109 илјади денари. Во изминатите 52 недели се регистрирани 1.017 трансакции (последната на 26 август), истргувана е количина од 3.683 акции и направен е промет од над 418,8 милиони денари (повеќе од 6,8 милиони евра). Во тој период ценовните движења оделе од 105 илјади до 120 илјади денари.
Аналитика








