ПОВЕЌЕ

    Во нетрговските трансфери – половина од подарените акции се на Македонски телеком

    Време зa читање: 2 минути

    Во минатонеделната статистика на Централниот депозитар за хартии од вредност, во нетрговските трансфери се забележани 1.582 акции, издадени од 12 котирани друштва. Од десет компании и две банки. Една петина од акциите се приоритетни.

    А, речиси половина од подарените хартии од вредност се на Македонски телеком. Се работи за 821 обична акција.

    Нема ден без банкарските акции во нетрговските трансфери.

    Сопственоста е пренесена кај вкупно 166 акции на Комерцијална банка. Прво 23, потоа 100, па уште 43 обични акции. Приоритетни акции се на Стопанска банка Скопје. Редоследот е среда 300, четврток – 4 и петок – 12 приоритетни акции.

    Акции се давани како подарок, но во мали количини. Пренос е извршен на 71 обична акција од Окта и на 60 емитувани од ЗК Пелагонија АД Битола.

    Меѓу податоците објавени на Македонска берза се и трансферираните 42 обични акции на ВВ Тиквеш АД Кавадарци. И 16 на ГД-Тиквеш АД Кавадарци.

    Хартиите од вредност на Уготур АД Скопје се меѓу најредовните во нетрговските трансфери, а минатата недела се регистрирани 26. Исто така, ги има и акциите од две РЖ: 24 на Интер-Трансшпед и 10 на Техничка контрола.

    Нетрговски пренос на сопственоста е направен и кај 22 акции на Гранит и на осум издадени од Алкалоид.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично