ПОВЕЌЕ

    Во Калифорнија родителите наскоро ќе можат да ги тужат Инстаграм и ТикТок за зависност на нивните деца

    Време зa читање: 2 минути

    Калифорнија наскоро би можела да ги смета компаниите за социјални медиуми одговорни за нанесување штета на децата кои станале зависни од нивните производи, дозволувајќи им на родителите да ги тужат платформите како Инстаграм и ТикТок за до 25.000 долари по поединечен случај на прекршување, според законот што го усвои парламентот на таа држава во понеделникот.

    Нацрт-законот ја дефинира „зависноста“ како деца под 18 години кои се повредени – било физички, ментално, емоционално, развојно или материјално – и кои сакаат да престанат или намалат колку време поминуваат на социјалните мрежи, но не можат затоа што се преокупирани или опседнати со тоа.

    Деловните групи предупредија дека ако законот помине, компаниите за социјални медиуми најверојатно ќе престанат со работа за деца во Калифорнија наместо да се соочат со правниот ризик.

    Предлогот би се однесувал само на компаниите за социјални медиуми кои имале најмалку 100 милиони долари бруто приход во изминатата година, изгледа дека се насочени кон гигантите на социјалните медиуми како Facebook и другите кои доминираат на пазарот. Законот нема да важи за услугите за стриминг како Netflix и Hulu или за компании кои нудат само услуги за е-пошта и текстуални пораки. „Ерата на неограничени социјални експерименти врз децата заврши и ние ќе ги заштитиме децата“, рече членот на собранието Џордан Канингам, Републиканец од округот Сан Луис Обиспо и автор на законот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично