ПОВЕЌЕ

    Во јули еврозоната со трговски суфицит од 6,5 милијарди евра

    Време зa читање: 2 минути

    Еврозоната во јули бележи трговски суфицит од 6,5 милијарди евра, покажуваат првите прелиминарни проценки, соопшти Евростат.

    Овој резултат значително се разликува од состојбата пред една година, кога еврозоната имаше трговски дефицит од 36,3 милијарди евра.

    Во јули од еврозоната била извезена стока во вредност од 227,8 милијарди евра, што е за 2,7 отсто помалку во споредба со истиот месец лани. Пад од 18,2 проценти има кај увозот, кој е во износ од  221,3 милијарди евра.

    Вредноста на извозот во земји кои не се во состав на ЕУ во јули достигнала 205,2 милијарди евра, за 3,2 отсто помалку од истиот месец лани. Увозот, пак, од 200,3 милијарди евра е вредносно понизок за 21,5 проценти.

    Според податоците, вредноста на извозот бележи пад кај 20 држави членки на ЕУ, додека кај седум во јули е регистриран раст. Најголем пад има Естонија – за 26,2 отсто, па следуваат Литванија со 23,2 и Финска со 20,5 проценти. Најголем раст евидентирала Малта – за 27 насто, а зад неа е Ирска со 8,5 проценти.

    Вредноста на увозот во јули опаѓа кај сите членки на ЕУ, со исклучок на Кипар и на Ирска, каде што има нагорни промени од 5,8, односно 2,3 насто.

    И кај намалувањето на увозот прва на листата е Малта со 39,6 отсто. Па Финска со пад од 24,6 отсто, Белгија – 22,6 и Литванија со 0,5 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично