ПОВЕЌЕ

    Во февруари: Годишен раст од 5,9% на вкупните депозити и од 7,7% на вкупната кредитна

    Време зa читање: 4 минути

    Монетарни движења во Република Северна Македонија: февруари
    2023 година

    Во февруари 2023 година, паричната маса (монетарниот агрегат М3) бележи раст од 0,7% на месечна основа, во најголем дел како резултат на зголемените краткорочни депозити, при помал позитивен придонес и на долгорочните депозити до две години, a во услови на забележан пад на депозитните пари. Споредено на годишна основа, паричната маса е зголемена за 5,8%, пред сè поради растот на краткорочните депозити и депозитните пари.

    ‒ Кај вкупните депозити, во февруари, е забележан месечен раст од 0,9%, при годишен раст од 5,9%. Притоа, месечниот и годишниот раст се должи на зголемувањето на депозитите на двата сектора, коешто е поизразено кај секторот
    „домаќинства“.

    Вкупните кредити, во февруари, остварија минимален месечен раст од 0,1%, во
    целост како резултат на зголемените кредити на секторот „домаќинства“, додека
    кредитите на корпоративниот сектор забележаа пад. На годишна основа, вкупните
    кредити се повисоки за 7,7%, поради зголеменото кредитирање кај двата сектора,
    со малку поголем придонес на кредитите на корпоративниот сектор.

    1. Депозити и кредити на корпоративниот сектор

    Во февруари, кај вкупните депозити на корпоративниот сектор е забележан
    месечен раст од 0,5%, којшто пред сè се должи на повисоките краткорочни депозити
    во странска валута, при остварен раст и на долгорочните и краткорочните депозити
    во денари и долгорочните депозити во странска валута, додека депозитните пари
    забележаа пад. На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор се
    повисоки за 5,7%, во поголем дел како резултат на растот на краткорочните
    депозити во странска валута, а дополнителен позитивен придонес имаат и
    депозитните пари и краткорочните депозити во денари, додека долгорочните
    депозити во странска валута се намалени.

    ‒ Кредитите на корпоративниот сектор, овој месец, се намалени за 0,2%, во
    целост како резултат на падот на кредитирањето во денари. Споредено на годишно
    ниво, кредитите на корпоративниот сектор бележат раст за 8,2%, којшто во услови
    на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, во поголем дел се
    должи на кредитите во странска валута.

    2. Депозити и кредити на домаќинствата

    Во февруари 2023 година, депозитите на домаќинствата се зголемени за 0,9%
    на месечно ниво, како резултат на растот на депозитните пари, краткорочните
    депозити во странска валута, како и долгорочните депозити во денари и во странска
    валута. Во споредба со февруари претходната година, депозитите на домаќинствата
    бележат раст од 6,3%, којшто се должи на повисоките депозитни пари и
    краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, додека краткорочните
    и долгорочните депозити во денари бележат пад.

    ‒ Кредитите на домаќинствата, овој месец, остварија месечен и годишен раст за
    0,3% и 7,2%, соодветно. Анализирано по валута, промената по двете основи се
    должи на растот на кредитирањето во денари и во странска валута, со поголем
    придонес на кредитите во странска валута.

    Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во
    февруари 2023 година, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат месечен раст од 0,4% и 0,8%, соодветно, при годишен раст од 6,3% и 12,3%, соодветно. Овој месец, автомобилските кредити се намалени за 0,3% на месечна основа, додека на годишна основа бележат раст за 11,8%. Во февруари, кај кредитите одобрени на кредитни картички и негативните салда на тековни сметки е остварен месечен пад за 1,1% и 1,3%, соодветно, додека на годишна основа тие се повисоки за 0,8% и 0,4%, соодветно.

    Овој месец, кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,5% и 16,3% на
    месечно и на годишно ниво, соодветно.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично