ПОВЕЌЕ

    Во четврток ќе се одржи 47. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

    Време зa читање: 2 минути

    Во Народната банка, во четврток ќе се одржи 47. сесија на Клубот на истражувачите. Притоа ќе се одржи презентација на трудот насловен „Студија на настан за реакцијата на балканските берзи на конфликтот меѓу Русија и Украина“ од авторите Горан Мојаноски и Весна Буцевска. Потоа следува дискусија.

    Воедно, Народната банка упатува повик до сите истражувачи кои се заинтересирани за учество да се пријават на е-адресата: [email protected], најдоцна до среда 14 јуни. А, наредниот дена почетокот на сесијата е закажан за 14 часот.

    Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите кои се презентираат на сесиите на Клубот треба да се изработени согласно трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

    На сесиите како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

    Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, информираат од Народната банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично