ПОВЕЌЕ

    Во Америка има повеќе патници на аеродромите за еден ден отколку во март 2020 година

    Време зa читање: < 1 минутa

    Американската агенција за безбедност во сообраќајот (TSA) чекираше 1,63 милиони патници на аеродромите во Америка за еден ден.

    Број на чекирани патници е поголем, од март минатата година, кога пандемијата доведе до помал интерес за летовите.

    На 2 мај, 2020, само 170.000 луѓе беа чекирани на аеродромите,.

    Администрацијата потенцира дека бројот на патници во авионите во Соединетите држави е за 35 проценти помал во споредба со истиот датум во 2019 година.

    Американските авиокомпании додаваат повеќе летови на распоредот, очекувајќи поголема побарувачка во текот на летото.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично