ПОВЕЌЕ

    Во акции на „Алкалоид“ вложени над 174 илјади евра преку две блок-трансакции

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во две блок-трансакции купени се 481 акција на скопски „Алкалоид“. Вложени се 10.726.300 денари, односно 174,4 илјади евра од страна на познат купувач, можеби купувачи.

    Блоковите се реализирани во последниот работен ден од минатата недела. Единечната цена за акција е 22.300 денари.

    Помалиот пакет е сочинет од 150 обични акции. Има вредност од 3.345.000 денари или 54,4 илјади евра. За акциите, 331 на број, од вториот блок, платени се 7.381.300 денари, што е проттиввредност на 120 илјади евра.

    Не се чести блок-трансакциите со акциите издадени од најголемата и најуспешна македонска фармацевтска компанија. Затоа, речиси и нема ден без со неа да се тргува на официјалниот пазар. Така било и во петокот кога, според дневната официјална берзанска листа, биле истргувани 712 акции. Направен е промет од  15.889.240  денари (258,3 илјади евра), а цената за акција била 22.316,35 денари.

    Акцијата на „Алкалоид“ постојано е меѓу најтргуваните на Берзата, а редовно влегува и во статистиката на нетрговските трансфери.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично