ПОВЕЌЕ

    Владата на СДСМ и на ДУИ против пратениците од СДСМ и ДУИ

    Време зa читање: 2 минути

    Владата испратило негативно мислење за веќе усвоените измени на Законот за извршување со кој се запира наплата на камата кога таа ќе ја достигне висината на долгот. На седницата на 04.07.2023 година Владата донела мислење дека измените на Законот за извршување сериозно го нарушува концептот на владеење на правото во државава и затоа Собранието не би требало да ги усвои.

    Ова негативно мислење е доставено до Собранието на 10.07.2023 година, но пратениците на СДСМ и на ДУИ на 18.07.2023 година ги изгласаа измените со кои им се наложува на извршителите да престанат со наплата на каматата на долгот откако таа ќе достигне 100% од главницата. Односно, ако долгот е 6.000 денари, каматата може да биде максимално 6.000 денари.

    Пратениците на седницата на 18.07.2023 година ги усвоија и измените на Законот за облигациони односи со кои се регулира во кој временски период застаруваат побарувањата. Со овие измени, доверителите можат да побараат наплата на долгот во рок од максимум пет години наместо досегашните 10. Ако во рок од пет години, по добиената правосилна извршна исправа не почне постапката за извршување, таа застарува.

    Во продолжение, целото мислење на Владата за измените на Законот за извршување.

     

    Г. Т.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично