ПОВЕЌЕ

    Владата ќе ја гарантира поддршката на претпријатијата преку Развојната банка

    Време зa читање: 2 минути

    Владата вчера донесе одлука да го предложи на усвојување во Собранието Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот во кој се поставени контурите на државната гарантна шема, дел од сетот на економски мерки за справување со ефектите од пандемијата КОВИД-19.

    Со нив се гарантира примената на пакетите економска подршка поради негативните ефекти од пандемијата.

    Со законските измени Развојната банка ќе може да ги реализира проектите и програмите на Владата преку Гарантен фод. Овој Фонд почетно ќе добие 10 милиони евра од Буџетот. За Гарантниот фонд почетно се предвидени средства во висина од 10 милиони евра од Буџетот на Република Северна Македонија.

    Средствата на Гарантниот фонд, во законското решение е предвидено да се користат за издавање гаранции за обезбедување на плаќања по основ на главница на новоодобрени кредити за обртни средства до 80% од износот на кредитот и кредити за основни средства до 50% од износот на кредитот, согласно добрите пракси во европските земји.

    Владата ќе побара од Собранието на Македонија да ги донесе измените во Законот за Македонската банка за поддршка на развојот кои ги усвои на вчерашната седница.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично