ПОВЕЌЕ

    ВЛАДАТА ЈА ПОЗДРАВИ ДОНАЦИЈАТА НА ЕКОТИП: „Чистиот воздух е наше заедничко право“, напиша Мицковски на својот Фејсбук-профил

    Време зa читање: 3 минути

    Владата објави дека потпишала договор за донација на 255 системи за филтрација на воздух со ЕКОТИП ДООЕЛ Скопје, компанија лидер во областа на филтрација на воздухот во вредност од 1.000.000 евра. Овие уреди, кои ги донира ЕКОТИП ДООЕЛ Скопје, како долгогодишен партнер на реномираниот германски производител MANN & HUMMEL ќе бидат распределени во градинки, училишта, болници и други критични јавни установи, каде што квалитетот на воздухот е од клучно значење.

    „Загадувањето на воздухот останува еден од најсериозните еколошки и здравствени предизвици во Македонија. Во контекст на напорите на Владата во преземањето значајни мерки за намалувањето на загадувањето на воздухот преку капитални проекти, како Влада активно работиме на долгорочни стратегии и решенија за намалување на загадувањето, преку инвестиции во одржливи енергетски решенија, зголемена контрола на емисиите и поддршка на зелени технологии. Сепак, додека спроведувањето на овие мерки бара време, ваквите брзи и ефикасни донации од приватниот сектор се од суштинско значење за заштита пред се на здравјето на граѓаните“, се наведува во соопштението на прес службата на Владата на РСМ.

    Сепак, се додава, успехот во оваа област зависи од заедничките напори на сите сектори. Затоа како Влада особено го истакнуваме значајниот придонес на приватниот сектор, како што е оваа донација од 255 системи за филтрација на воздухот во вредност од 1 милион евра.

    „Безрезервно ја цениме и посетата на претставниците на реномираниот производител MANN & HUMMEL, кои заедно со тимовите од Владата и ЕКОТИП ДООЕЛ Скопје ќе продолжат да ги разгледуваат можностите за понатамошна соработка во рамките на долгорочни и можности за дополнителни одржливи решенија. Се надеваме дека овој пример ќе послужи како инспирација за други компании да се вклучат да придонесат во заедничката борба за почист воздух и се разбира поздраво општество. Ние како Влада остануваме и понатаму посветени при преземање на активности против аерозагадувањето“, се истакнува во соопштението од Владата по повод донацијата на Екотип.

    И премиерот Христијан Мицковски во најновата објава на својот Фејсбук профил ја поздрави донацијата на домашната компанија ЕКОТИП во вид на прочистувачи на воздух во вредност од милион евра за градинки, училишта и болници. „Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас. Ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница“, напиша тој на својот Фејсбук профил.

    Ја поздравувам најголемата донација во земјата од страна на македонската компанија ЕКОТИП во вредност од 1 милион евра.

    Оваа значајна донација на напредни прочистувачи од реномираниот германски производител Mann+Hummel ќе обезбеди воздух со највисоки медицински стандарди за најранливите категории: Во градинките, училиштата, болниците и другите јавни установи каде што квалитетот на воздухот е од клучно значење, стои во објавата на Мицковски.

    Оваа иницијатива не само што ќе го подобри квалитетот на воздухот во јавните установи, туку и ќе помогне во креирање на поздраво општество.

    Воедно продолжуваме дијалог со претставниците на германската Mann+Hummel, кои деновиве со тимот на Владата и Екотип ја анализираат можноста за понатамошна соработка со фокус на долгорочни иницијативи и заеднички развојни перспективи, додаде Мицковски, нагласувајќи: „Ваквите примери нека бидат повик за акција, секој придонес, мал или голем, е чекор кон поздраво општество!“.

    Екотип е компанија присутна повеќе од 20 години како лидер на пазарот во Македонија, која се занимава со филтрација на воздух и течности и има многу референци во различни производствени процеси во сите индустрии. И претходно оваа компанија беше позната по многубројни донации за локалната самоуправа и образовни институции.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично