ПОВЕЌЕ

    „Викенд без ДДВ“ – кога да очекувате исплата?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во текот на следната недела, треба да средствата по основ на мерката „Викенд без ДДВ“ треба да започнат да се враќаат на граѓаните откако во Собранието беа донесени ребалансот на Буџетот и законите кои овозможуваат реализација на четвртиот пакет мерки.

    Оваа мерка беше спроведена на 10, 11 и 12 октомври, кога беше реализиран вкупен промет од околу 9 милиони евра, или поточно 558.176.715 денари, од кои, како што соопштија од Управата за јавни приходи, повратот изнесува 66.853.929 денари, односно нешто над милион евра.

    Владините проекции при најавата на оваа мерка беа дека ќе се потрошат над 170 милиони евра, а повратот на ДДВ ќе биде во вкупна висина од 17 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично