ПОВЕЌЕ

    Весна Стојановска од КБ Прво Пензиско Друштво избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјава

    Време зa читање: 4 минути

    Марили Бизнис форум под насловот „Современа бизнис раскрсница“ викендов се одржа во Охрид, а учество зедоа неколку стотици жени-менаџери од земјава и регионот.

    Традиционално изборот го врши организација на Агенцијата Марили, која што ги промовираше 20-те најуспешни жени менаџерки и им додели статуетки „Жена водилка“.

    Меѓу најуспешните жени менаџерки за 2021-ва година беше избрана и Весна Стојановска, Генерален директор на КБ Прво Пензиско Друштво. Како се стигнува до еден од најуспешните менаџери?

    Фотографија: Фејсбук страна на КБ Прво пензиско друштво

    Весна Стојановска, своето високо образование го стекнува на Економскиот универзитет при Св.Кирил и Методиј – Скопје од 1993 до 1998 година. Во периодот од 99та година до 2004 тата работи како Регионален менаџер за финансии во Supreme Group – Skopje, Macedonia | Dubai, UAE .

    Своето професионално искуство во КБ Прво Пензиско Друшто АД Скопје го започнува далечната 2005 година, како финансиски раководител на Друштвото. Во 2016 година, на Весна Стојановска и ја доверуваат улогата на Претседател и член на Управниот Одбор на КБ Прво Пензиско Друштво АД Скопје. Посветената примена на своето искуство во пензиски системи, финансии, анализи и успешното корпоративно управување во периодот на првиот мандат овозможија остварување на висок и пред се стабилен принос за членовите во двата фонда.

    Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС на седницата одржана на 27.04.2021 година даде одобрение за реизбор на Весна Стојановска за член на Управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје. Согласно одлука на Надзорниот одбор на Друштвото, таа е повторно избрана за Претседател и член на Управниот одбор.

    Со носење на оваа одлука на Весна Стојановска и се доделува нов мандат во времетраење од 4 години на позицијата Претседател и член на Управниот Одбор до 2025 година.

    И покрај тешките околности кои воедно го погодија и целиот свет, како што се Ковид кризата, војната во Украина, енергетската криза, со квалитетниот пристап на раководење Друштвото на 19ти мај 2022 година прослави 17 години постоење на македонскиот пазар, време во кое друштвото посветено и доследно ја вршеше својата важна улога во општеството. Изминатите 17 години, според објавени податоци од МАПАС, заклучно со 30.04.2022 година, 270.662 членови го доверија управувањето на своите пензиски заштеди во задолжителниот, втор пензиски столб на КБ Прво пензиско друштво и заклучно со 30.04.2022 нето средствата на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје изнесуваа 55.006,56 милиони денари.

    Фотографија: Фејсбук страна на КБ Прво пензиско друштво

    Минатата година, иако исклучително тешка и со многу предизвици, на 31.12.2021 година, номиналниот принос во КБ Прв отворен задолжителен пензиски столб изнесуваше 10,85%, или доколку се извади просекот од основање на фондот, тогаш тој принос изнесува 5,95% на годишни ниво.

    Во КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд, или познат како трет пензиски столб, свесност за дополнителна пензија пројавиле 15.754 членови. 4.192-ца штедат преку своја индивидуална сметка, додека интересен е подотокот дека 2.897 фирми отвориле професионална сметка и преку пензиска шема, во име на своите вработени штедат за 11.562 лица. Во овој фонд, приносот кој го остварил КБ Прво за своите членови минатата година, заклучно со 31.12.2021 година изнесува 10,48%, додека од почеток на своето основање просечниот номинален принос изнесува 6,26%.

    КБ Прво пензиско друштво АД Скопје произлезе од реформите во пензискиот систем во Република Македонија и негова основна дејност е управување со пензиските фондови.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично