ПОВЕЌЕ

    Велика Британија позајми 31,6 милијарди фунти во ноември

    Време зa читање: < 1 минутa

    Задолжувањата на британската влада се зголемија во ноември, додека државата продолжува да ја поддржува економијата за време на пандемијата.

    Канцеларијата за национална статистика (ОНС) објави дека задолжувањето достигна 31,6 милијарди фунти (34,73 милијарди евра) минатиот месец, пренесува Фена, повикувајќи се на Би-Би-Си.

    Од почетокот на финансиската година, задолжувањето достигна 240,9 милијарди фунти (264,79 милијарди евра), што е 188,6 милијарди фунти (207,37 милијарди евра) повеќе од пред една година.

    Вкупниот долг на Велика Британија сега достигна 99,5 проценти од бруто домашниот производ (БДП), ниво кое не е забележано од раните 1960-ти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично