ПОВЕЌЕ

    Тинејџер одби да го продаде својот сајт за следење на коронавирусот

    Време зa читање: 3 минути

    Ави Шифман, 17-годишник од Вашингтон, е креатор на најпосетената платформа за следење на коронавирусот во светот.

    Очигледно, пандемијата на коронавирус нема да заврши наскоро, а овој млад човек планира активно да ја следи сè додека не заврши. Сè додека страницата е отворена, тој ќе продолжи да работи на неа и да додава нови функции. Откако ќе заврши пандемијата, можеби ќе направи страница која ги споредува COVID-19 со SARS или шпанскиот грип.

    Веб-страницата за следење на коронавирусот ги нуди на едно место сите информации за вирусот COVID-19 кои просечното лице можеби сака да ги знае. Постојано се ажурира со статистика од земјите низ целиот свет за заразата, смртните случаи, бројот на излечени лица користејќи податоци од разни официјални и проверени страници. Исто така, има и страница со основните информации за вирусот, вклучувајќи совети за хигиена на рацете и листа на симптоми на вирусот.

    Иако Шифман е горд на сработеното, тој не сака да стане личност која „ќе стане позната“ за време на една глобална катастрофа.

    „Се надевам дека во иднина ќе се изврши притисок врз СЗО да направи една таква алатка. „Одговорноста не треба да биде на некое дете, но очигледно е дека луѓето сакаат да ја знаат статистиката“, рече тој.

    Сајтот за следење на коронавирусот е навистина многу популарен, со околу 30 милиони посетители дневно и вкупно 700 милиони досега, па затоа не е изненадувачки што Шифман добива многу понуди за пласирање на реклами. Поточно, Шифман добил понуда од осум милиони долари за неговиот сајт, која тој ја одбил. Како што вели, тој веројатно би можел да заработи повеќе од 30 милиони долари со поставување реклами, но тој вели дека тоа не е целта на страницата.

    „Имам само 17 години, не ми требаат осум милиони долари … Не сакам да бидам профитер“, рече тој.

    На почетокот, тој речиси не сакаше да зборува за рекламите, за кои вели дека сите го прашуваат. Потоа го објасни својот став. Тврди дека не сака да биде договорно обврзан да ја задржи веб-локацијата или да направи измени со кои не се согласува. Поточно, тој знае дека многу од неговите посетители од целиот свет немаат брза интернет врска, така што додавањето на реклами би ја успорило страницата и можеби дури би ја направило неупотреблива за нив.

    Шифман има големи планови за својата иднина. Тој веќе добил понуди за работа, вклучително и од „Мајкрософт“, но досега не прифатил ниедна понуда и сака да продолжи со свои проекти. Како што вели, „последното нешто што сакате да го направите е да програмирате уште повеќе“ после еден ден  програмирање.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично