ПОВЕЌЕ

    Ваучер од 150 евра помош за словенечките пензионери поради високите сметки за греење

    Време зa читање: 2 минути

    За да се справат со сѐ повисоките сметки за енергија, словенечките пензионери чија пензија лани во декември беше помала од 1.000 евра денеска ќе добијат еднократен  „енергетски“ ваучер вреден 150 евра. Солидарниот надоместок, како што се нарекува помошта, е пропишан со законот за итни мерки за ублажување на последиците од високите цени на енергенсите од февруари годинава, а ќе го плаќа јавниот пензиски фонд ЗПИЗ (Завод за пензиско и инвалидско осигурување), пренесува словенечката новинска агенција СТА.

    Право на помош ќе немаат оние кои стекнале право на пензија на 1 јануари 2022 година или подоцна. Сепак, пензионерите се само една од групите кои ќе добијат еднократен „енергетски“ ваучер. И корисниците на различни социјални надоместоци, како што се социјална помош, детски додаток, надоместок за многудетни семејства или хранители, во четврток ќе добијат ваучер од Министерството за труд, семејство, социјала и еднакви можности.

    Пакетот вонредни мерки за ублажување на последиците од влијанието на високите цени на енергијата, меѓу другото, предвидува плаќање на еднократна доплата од 150 евра за 710.000 корисници. Корисниците на посебен вид пензија, карактеристична за работниците на тешки и опасни работни места, минатиот петок добиле ваучери, а им биле исплатени од државниот фонд КАД, јави СТА.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично