ПОВЕЌЕ

    10 нешта што ги поврзуваат успешните луѓе

    Време зa читање: 3 минути

    Никој не се родил успешен. Без разлика дали богатството е наследено или стекнато, тоа брзо ќе замине ако не се размножи. Успешните луѓе со долгогодишно искуство знаат кој е рецептот за успешен ден.

    1. Станување рано

    Додека останатите го исклучуваат алармот, успешните луѓе стануваат неколку часа пред почетокот на работното време. Тоа е најчесто е 5 часот наутро. Додека го пијат утринското кафе, тие прават дневен план, ги организираат задачите и гледаат каде и како да бидат повеќе продуктивни.

    2. Визуализација

    Пред да остварат нешто прво го визуализираат. Визуализација, фантазија, имагинација. Како и да се нарече, оваа активност сепак има иста цел и голема ефикасност. Успешните луѓе ја конкретизираат својата желба, се информираат за сите околности а потоа прават план за самостојно реализирање на планот за одредената цел.

    3. Инвестираат во себе

    Семинари, обуки од разни курсеви, книги и секаков материјал кој ќе им биде од голема корист во работењето. Добрата страна кај овие лица е тоа што никогаш не се однесуваат како да го собрале целото знаење на овој свет. Тие ја користат секоја прилика да научат од успешните, и од конкуренцијата која не ја сметаат за противник и закана за нивната работа.

    4. Секогаш се приземни и љубезни со сите

    Иако се сметаат за големи сонувачи, успешните луѓе секогаш знаат до каде се нивните можности и способности. Иако имаат свој бизнис, тие не се однесуваат како робовладетели. Го почитуваат сечие мислење и немаат етикета на недостапен директор.

    5. Добро го бираат и градат својот тим на соработници и работници

    Никој не сака пасивен и скептичен работник. Успешните секогаш ги ловат ентузијастите, луѓе кои се подготвени да дадат се од себе за заеднички тимски успех. Новите и иновативни идеи за нив претставуваат почетна точка која ќе роди нов успех.

    6. Се фокусираат на важните работи

    Туѓите мислења, критики и подметнувања не се главниот фокус на успешните. Тие знаат дека со тој начин на размилсување губат премногу време на небитни работи. Одмаздата ја оставаат на оние кои имаат време да се занимаваат со тоа.

    7. Секогаш наоѓаат извор на инспирација

    Луѓето со отворен ум дури и во миговите на забава, наоѓаат добра идеа која веднаш ја запишуваат во тефтерот на инспирацијата. Ако некогаш им недостасува свежа идеа тие покрај својот тефтер на свежи идеи се навраќаат и на минатите успеси кои им претставуваат подвижна котва за нови предизвици.

    8. Секоја работа ја работат со голема посветеност и анализа

    Работењето површно дава краткотрајни резултати. Тоа го знаат успешните луѓе кои први доаѓаат а последни заминуваат од својата позиција. Во секој проект тие вложуваат сè од себе, заборавајќи на времето како поим.

    9. Принципиелни се

    Успешните луѓе зборуваат со дела. Тоа што ќе го ветат го претвараат во дело. Тие знаат колкава е загубата од скршена доверба и изгубен клиент.

    10. Секогаш се подготвени да слушнат и дадат добар совет

    Успешните немаат големо его. Тие секогаш се отворени да помогнат со добар совет но и да примаат совет, од некој што е успешен во тоа што тие сакаат да инвестираат.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично