ПОВЕЌЕ

    САД ги протеруваат кинеските компании од Њујоршката берза?

    Време зa читање: 2 минути


    Администрацијата на Доналд Трамп ја проучува можноста за елиминирање на кинеските компании од листата на американските берзи, пренесува Блумберг.

    Овие гласини веќе имаат влијание врз пазарот. По објавувањето на оваа статија од страна на Блумберг, акциите на кинеските компании значително се намалија. Поточно, акциите на Alibaba, Baidu и JD доживеаа оштар пад, пренесува Ројтерс.

    Alibaba Group Holding потона за 5,2%, JD.com изгуби 6%, а Баиду 3,7%.

    Доналд Трамп, пак, рече дека Соединетите држави се заинтересирани да склучат трговски договор со Кина, но и дека истиот не треба да биде потпишан пред претседателските избори во 2020 година.

    Трговската војна меѓу Соединетите американски држави и Кина започна во 2018 година. Земјите постојано преговараа, но тие не резултираа со договор.

    На првиот ден од септември, минута по полноќ, Вашингтон наметна царини на кинеските производи со стапка од 15%. Тоа е првиот пакет давачки за кинеската стока увезена во САД, во вредност од околу 300 милијарди американски долари, додека вториот пакет давачки треба да стапи на сила на 15 декември. Исто така, следниот месец САД ќе ги зголеми царините на уште едне друг пакет на кинески производи од 25% на 30%.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично