ПОВЕЌЕ

    УНИБанка со известување до клиентите за промена на работното време на експозитурите

    Време зa читање: < 1 минутa

    УНИБанка ги известува своите клиенти дека експозитурите на Банката ќе работат со работно време од понеделник до петок од 08:00 часот до 15:00 часот, додека во сабота експозитурите нема да работат.

    Сите клиенти кои што ќе бидат во редот пред експозитурите до 15:00 часот ќе бидат услужени од страна на вработените без разлика за потребното време за завршување на нивните потреби.

    Централата на Банката ќе биде со работно време, од понеделник до петок од 08:00 часот до 15:00 часот.

    Во интерес на здравјето на сите, им се препорачува на клиентите да ги користат електронските услуги за вршење на потребните банкарски операции, апликацијата за електронско банкарство e-unibanka.mk и мобилното банкарство #MyUnibank, како и мрежата на банкомати низ државата.

    Потребните информации за сите понуди и услуги на УНИБанка се достапни на веб страната на Банката, како и на Контакт центарот на ☎️ 02/ 3286 100 и 02/ 3 111 111.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично