ПОВЕЌЕ

    УНИ Банка вработува Референт во експозитура

    Време зa читање: 2 минути

    УНИ Банка отвори слободна работна позиција:

    Референт во експозитура Струмица – Дирекција Мрежа на Експозитури

    Потребни квалификации:

    • Диплома за завршено високо образование – предност Економски Факултет;
    • Способност за работа под притисок и тимска работа;
    • Познавање MS Office пакет;
    • Познавање на англиски јазик;
    • Изразени комуникациски вештини и желба за работа со клиенти;
    • Висока мотивираност за остварување на зададените задачи;
    • Вештини за презентирање;
    • Поседување возачка дозвола.

    Одговорност и задачи:

    • Аналитичен пристап кон работните задачите и реализација во кратки рокови;
    • Подготвеност за превземање одговорност и иницијатива;
    • Стручно, навремено и квалитетно извршување на поставените работни задачи;
    • Познавање на банкарските производи и услуги и истите да може да ги промовира предлага и продава;
    • Активно учество и предлагање промотивни и продажни активности за производите и услугите;
    • Учество во тековното работење на експозитурата;
    • Изготвување извештаи за своето работење до Раководителот на експозитурата.

    Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик со фотографија и мотивационо писмо на [email protected], или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 26.11.2020 година.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично