ПОВЕЌЕ

    Инструкции и информации од УНИБанка за новата домашна картичка

    Време зa читање: 2 минути

    Како примател на финансиска поддршка согласно Уредбата, Ве молиме посетете ја веб страната www.kupuvamdomasno.gov.mk, на која со внесувањето на Вашиот матичен број (ЕМБГ), може да проверите во која банка ќе Ви биде издадена домашната платежна картичка.

    Доколку по проверката, утврдите дека банка издавач на Вашата домашна платежна картичка е УНИБанка АД Скопје, во насока на поголема заштита и избегнување на преголема посетеност во експозитурите,  Ве молиме да ги следите следните инструкции и информации:

    • Во периодот од 18.07.2020 година, Банката ќе ги издава домашните платежни картички преку своите експозитури низ Република Северна Македонија;
    • Картичките ќе бидат распределени по експозитури согласно податокот за адреса на корисникот на финансиска поддршка доставен од страна на Владата на РСМ;
    • На следниот линк можете да ги видите локациите и работното време на експозитурите на УНИБанка АД Скопје низ Република Северна Македонија
      http://www.unibank.mk/categories/view/296;
    • Задолжително со себе понесете валиден документ за идентификација (лична карта или пасош);
    • За малолотно лице, корисник на домашна платежна картичка, кое нема валиден документ за идентификација, задолжително е присуство на родител/старател и носење на документ – извод од матична книга на родени;
    • Заради Ваша безбеденост и безбедноста на вработените во експозитурите на Банката, Ве молиме да ги почитувате мерките за спречување на пренесување на COVID-19 (задолжително носење на заштитна маска или марама и физичко дистанцирање).

    Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

    Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> топ 100 најголеми ]

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично