ПОВЕЌЕ

    УНИ банка: Исплата на полугодишната камата за перпетуалните обврзници од втората емисија

    Време зa читање: 2 минути

    Сопствениците на перпетуални обврзници од УНИ банка на последниот ден од месецов ќе ја добијат полугодишната камата, која се пресметува по годишна стапка од пет проценти. Ова се однесува на овој вид хартии од вредност од втората емисија, со ИСИН MKBLBA200029 и шифра UNIPO2.

    Каматата ќе им биде исплатена на лицата регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност, заклучно со 28 февруари.

    „Тргувањето со обврзниците во деновите 27 и 28 февруари 2024 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 182 и 183 денови соодветно, при што купувачот при порамнувањето на 29 февруари и 1 март 2024 ќе треба да му го уплати износот на чистата цена + акумулираната камата на продавачот. При ова, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 29 февруари и 1 март 2024 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата“, информираат од УНИ банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично