ПОВЕЌЕ

    УЈП ЌЕ ЈА ПРОЧИСТИ И НАМАЛИ ЛИСТАТА НА ДОЛЖНИЦИ – ПЕТРОВА за „Каде се парите?“:

    Време зa читање: 2 минути

    Управата за јавни приходи ќе ја исчисти листата на фирми и граѓани кои и должат даноци на државата, најави првиот човек на Управата за јавни приходи Елена Петрова во гостувањето во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Според Петрова, од добар дел од фирмите кои со години, ако не и со децении се на листата должници, поради реални фактори не можат да се наплатат побарувањата. Таа додаде дека прочистувањето, односно бришењето од оваа листа ќе биде според јасни критериуми и нема да се остави простор за сомнеж дека може да се прави ова со цел да се скрие некоја фирма која е блиска до валста.

    „Ќе ја прочистувате ли листата?

    – Да, да.

    – Е сега се поставува прашањето, веднаш се јавува новинарот во мене – дали ова прочистување претставува можност да се тргнат некои фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ, да не бидат на листа.

    – не, во никој случај, затоа што прочистувањето нема да биде на некоја селекција на директор или не знам… строго пропишана процедура, критериуми, спроведени постапки, нивоа на одобрување. Тоа ќе се примени во сите области во работењето, не само во делот на наплатата на долговите. Така да ако дозволите, сакам да додадам нешто во поглед на долговите и наплатата на долговите, можеби затоа што доаѓам од тој сектор, претходните 7 години бев во таа област. Сакам да истакнам и треба да се знае дека кога веќе доаѓаме до постапки на присилна наплата, тоа е една конфликтна зона. Таму веќе не сме со даночните обврзници советодавно, информативно, туку репресивно и тука, како што рекол еден римски филозоф Паблилус Сирус “малиот долг создава должник, големиот должник создава непријател“. Значи и даночниот обврзник си применува заштитни мерки. Гледа да го отуѓи имотот, побргу да стави залог од некој друг доверител, државата или УЈП да биде на втор ред, да го пренесе имотот на друго лице. Значи тука имаме зона на конфликт, а истовремено присилната наплата е и подолга постапка.  …“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично